2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

По излевањето од речното корито, нивото на Црна опаѓа

Февруари 05, 2018

Нивото на Црна Река во Пелагонија опаѓа, откако по обилните врнежи од дожд викендов, водата се излеа од коритото на потегот од демирхисатското село Доленци до  крушевски Бучин и ги поплави земјоделските површини засеани со житни култури. Жителите велат дека поплавите ќе ги преполоват приносите.

IMG d9a3f40947f0f3f11ba617ece44ea486 V

 

Обилните врнежи и излевањето на водотеците предизвикаа поплави и во демирхисарско. Покрај нивите, под вода се најде и локалниот пат кон село Мало Илино, а заради одрони и свлечишта, непроодни беа и неколку патни правци кон демирхисарските села. Од демирхисарката локална самоуправа велат дека по интервенциите на јавното комунално претпријатие овие патни правци сега се проодни.

IMG d52359c7cb7afd6472184c68d1a19d83 V

Во новачкиот дел од Пелагонија, кој пред три години беше погоден од големи поплави, состојбата засега е под контрола.

Метеоролозите најавуваат нови врнежи од дожд оо среда, кои ќе бидат со слаб до умерен интензитет и ќе дува умерен до засилен ветер од југоисточен правец.

Потоа во наредните два дена ќе преовладува сончево со умерена облачност и со благ пораст на температурата.

Нов влажен бран со пообилни врнежи се очекува во сабота.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани