АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Неврохирургот Владимир Рендевски, битолчанец кои живее и работи во Скопје е добитник на 4то ноемвриската награда за едногодишно остварување. Наградата „4 ти Ноември“ му се доделува за успесите постигнати во своето професионално работење. Тој својата кариера ја започна на одделението за Неврохирургија во Битолската клиичка болница, подоцна во 2017 година е избран за директор на Универзитетска клиника за неврохирургија во Скопје.
Бројни се успесите на неврохирургот Рендевски. Тој пред нецела година доби награда за најдобар научен труд во категоријата на млади неврохирурзи, која се однесува на истражување модели за предвидување на клиничкиот исход кај пациенти кои имаат губиток на крв во циркулаторниот систем односно хеморагија.
Наградата ја доделиле експерти од Европската асоцијација за неврохирургија и Здружението на неврохирурзи во југоисточна Европа.