2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

Оптимистичка анализа на професорот Трајковски-нема забрзување на бројот на заболени

Ноември 16, 2020

Оптимистички прогнози доаѓаат од  статистичката анализа за сосотојбата со КОВИД-19 на  професорот од Техникиот факултет во Битола, Дејан Трајковски, кој вели дека експоненцијалниот раст нема повеќе забрзување, туку преминува во линеарен. 

 

5.11.2020. Малку по малку, после 6 недели забрзан раст на дневните бројки стигнавме до стагнација, со базичен репродукционен број денеска R0 = 1,03 ± 0,23 (сината линија на првиот дијаграм).

125562657 931742597354259 4982307400020487216 n 1 дејан

Со R0=1 диференцијалните равенки на динамиката на епидемијата веќе го најавуваат и максимумот на активниот број на случаи во наредните десетина денa.
 
125412372 931742900687562 2604919657457225344 n 2 дејан
Уште еден доказ дека повеќе нема забрзување, како и дека експоненцијалниот раст преминал во линеарен, гледаме на дијаграмот на третата слика. Црвената линија на експоненцијалната регресија на вкупниот број на случаи повеќе не е закривена, туку практично целосно права, па со ова темпо на дневен раст може да се даде добра прогноза за наредните десет дена. На пример, на десеттиот ден од денес се очекува вкупниот број на дијагностицирани да биде помеѓу 55.600 и 60.200, со ниво на доверба од 95%, а најверојатната вредност е околу 57.900. Но, не само наредните денови, туку и наредните недели нема да видиме позначително намалување на дневните бројки ако нема барем еден тотален викенд-локдаун. Доволно е да се навратиме на летните месеци па ќе ни стане јасно зошто е така, дури и без никакви пресметки.
125387309 931747147353804 2380818135924481049 n3дејан
 
 
Тоа би биле, така да кажеме, неутралните вести. Ако не лоши, но секако загрижувачки вести има за стапката на хоспитализираност. Иако стапката на хоспитализираност (нејзината седумдневна подвижна средина) изнесува 6,8%, ако истата ја пресметаме преку нето порастот на хоспитализираните во последните 7 дена (138) во однос на порастот на бројот на активните случаи во истиот период (2.792), добиваме стапка од само 4,94%. Ова убаво се гледа од фазниот портрет H-I (хоспитализирани наспроти активни случаи) на четвртата слика. Стрмината на тенката црвена линија ја претставува вкупната стапка на хоспитализираност (6,8%), додека стрмината на тенката темнозелена линија ја претставува „тангентната“ стапка на хоспитализираност, пресметана од случаите во последните 7 дена. Ова значи дека, како што минува времето, станува сé потешко и потешко обезбедувањето на нови места за лекување на ковид-пациентите. Веројатно се работи деноноќно на преуредување и опремување на новите ковид-оддели, но времето незапирливо тече и доаѓаат колони нови болни кои некаде мораат да се примат. Затоа сопирањето на растот на бројот на активни случаи е најдобар начин за спречување на преполнувањето на болниците. Следните десетина дена ќе гледаме голема трка со времето.
 
Бројките никогаш не лажат и така објективно стојат работите, колку и да сака некој да ни кажува нешто произволно.
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани