
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Во 88-та година од животот почина Живко Божиновски, познат и успешен битолски стопанственик, менаџер и директор, на јавноста познат како еден од основачите на Битолската Пиварница.
Божиновски е роден во 1932 година во село Црско, Кичевско, но од од својата 9-та година го започнал своето образование во Битола, каде завршил основно, а потоа и средно економско училиште, како истакнат ученик. Своето образоавние го продолжил на Економскиот факултет во Скопје.
Основач е на Битолската Пиварница каде беше генерален директор 10 години, кога овој индустриски капацитето го имаше својот најголем подем и нижеше успеси, а битолското пиво се продаваше на странските пазари.
Потоа, Божиновски продолжува како успешен директор на „Континентал“, а беше и претставник на оваа фирма 4 години во Софија.
Погребот на Живко Божиновски ќе биде утре, 24 декември 2020г. на Светонделеските гробишта во Битола, а телото ќе биде изложено од 12 до 14 часот.