АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Министерството за внатрешни работи (МВР) денеска го објави јавниот оглас за прием на 600 нови полицајци, од нив 50 вработувања се планирани за ЦВР Битола.
Како што информираат од МВР, за подрачјето на СВР Скопје ќе бидат примени 100 нови вработени, додека по 50 полицајци ќе бидат вработени во СВР Струмица, СВР Охрид, СВР Битола, СВР Куманово и Регионалниот центар за гранични работи Север.
Со распишаниот оглас по 30 полицајци ќе бидат примени во СВР Тетово, СВР Штип, СВР Велес, Регионалниот центар за гранични работи Запад, Регионалниот центар за гранични работи Југ, Одделот за заштита на определени личности и објекти и Единицата за брзо распоредување.
По 20 извршители ќе се вработат во Регионалниот центар за гранични работи Исток и во Единицата за специјални задачи.
„По спроведената постапка за селекција, избраните кандидати за полицаец склучуваат договор за основна обука за полицаец во времетраење од 1 (една) година, која ќе се спроведе во Центарот за обука во Министерството за внатрешни работи и на истата се упатуваат за 10 отсто поголем број кандидати за полицаец од бројот на слободни места за кои е распишан овој оглас, односно во Центарот за обука ќе бидат упатени вкупно 660 кандидати“, се вели во соопштението на МВР, пишува агнецијата Мета .https://meta.mk/mvr-objavi-oglas-za-priem-na-600-novi-policzajczi-opoziczijata-negoduva/