2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

Здравствениот дом во Битола од денеска го носи името на познатиот еврејски лекар Хаим Абреванел

Февруари 19, 2018

Битолскиот Здравствен дом од денеска и официјлано  го носи името на познатиот еврејски лекар  и голем хуманист, Хаим Абреванел, коијживеел и работел во Битола до 1963 година.  Абреванел бил  и првиот раководител на интерното одделение во битолската болница.

Министерството за здравство, Амбасадата на државата Израел и општина Битола, со свечена церемонија го промовираа именувањето на ЈЗУ Здравствен Дом-Битола во ЈЗУ „Д-р Хаим Абраванел“-Битола.

На промотивниот настан во Битола, израелскиот амбасадор Дан Оријан изрази задоволство од додегашната соработка и најави дека оваа соработка ќе се продлабочиува во иднина.

- За нас, за државата Израел,  именувањето на здравствениот дом во Битола со името на д-р Хаим Абраванел е посебно важно., затоа што покажува дека вие се грижите за  заедничкото минато, а ние сме тука да ви покажеме дека се грижиме и за вашата сегашност и за вашата иднина. Се обидуваме да поврземе повеќе работи и затоа денес во Битола доведовме претставници на две компании од Израел. Едната се занимава со соларна енергија, а другата од сферата на земјоделството. Во Битола имаме повеќе интересни проекти, а денешниот го реализираме во соработка со Министерството за здравств, истакна амбасадорот Оријан.

zdravsven dom 3

Според заменик министерот за здравство Гоце Чакаровски, владината одлука е потврда за досегашната и најава за идна меѓувладина и посебно соработка во сферата на здравството.

- Соработката меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Израел продолжува. Се надевам дека ќе ги користиме искуствата на колегите од Израел и дека директно ќе придонесат за развојот на здравството во нашата држава и градот Битола, бидејќи битолчани тесно се поврзани со израелската држава, посочи Чакаровски.

Општина Битола освен јавна поддршка на одлуката, најави и отворање простор за други видови соработка. 

- Овој настан е можност да искажеме благодарност некому кој што се вложил во нашиот град. Денешниот настан е потврда на космополитизмот на нашиот град, но и потврда дека денешните генерации го сочувале чувството за почит и за градење вистински вредности. Длабоко сум убедена дека ова е само почеток на уште подлабока соработка  со државата Израел и на мостови кои што ќе ги градиме во иднина,  нагласи градоначалникот на општина Битола Наташа Петровска.

Директорката на Здравствениот дом во Битола, Весна Спирковска, рече дека посебно е значајно што  преименувањето се случува во јубилејна година од основањето на  оваа здрвасвена установа.

-Во 1948 започна изградбата на здравствениот дом на местото каде некогаш било еврејското маало. Поврзаноста меѓу евреискиот народ и Битола е многу голема, а во нашиот двор се поставени два споменици од посебно значење за израелскиот  народ- споменикот на Холокаустот и споменикот на народниот херој Естреја Овадиа Мара. На  досегашните преговри и средби со израелскиот амбасадор Дан Ориен, се најавува добра соработка за развој на здравствениот дом, имавме понуди за  доаѓање на нивни медицнски кадри кои би ги едуцирале нашите кадри, или пак наши тврабоници да одат на едукација во Израел,  посочи Спирковска.

На чинот на именувањето на ЈЗУ Здравствен Дом-Битола во „Д-р Хаим Абраванел“ присуствуваше и внуката на Абраванел, д-р Рахел Шели Леви Друмер, која истакна дека според еврејскиот календар точно на денешен ден пред 75 години во Битола беше извршена депортацијата на Евреите од овој град и прочита молитва

-Возбудена сум што оваа установа го носи името на дедо ми, кој работеше како лекар од 1946 до 1963 година, кога моите родители починаа во земјотресот во Скопје по што заминавме за Израел. Дедо ми би бил многу горд на ова што се случува сега, изјави внуката на д-р Абреванел, Рахел Шели Леви Друмер.

zdravsven dom 4

Одлуката за именување на ЈЗУ Здравствен Дом-Битола во „Д-р Хаим Абраванел“ ја донесе Владата на Република Македонија во месец март 2017 година.

Пред Здравствениот  Дом-Битола поставена е нова информативна табла, како и информативно пано со кус историјат за делото и дејноста на д-р Хаим Абраванел чиј живот згаснал во израелскиот град Бат Јам во 1984 година. 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани