Починати се 22 лица, десет пацинети од Скопје (84, 83, 60, 71, 66, 57, 77, 76, 80 и 74г), еден од Куманово (77г), еден од Дебар (68г), еден од Штип (81г), еден од Битола (69г), двајца пациенти од Охрид (47 и 76г), еден од Кавадарци (48г), двајца од Гостивар (79 и 64г), двајца од Крива Паланка (81 и 79г) и еден пациент од Кичево (63г). Од нив пет пациенти се починати вон, останатите се починати во болнички услови.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 86150, бројката на оздравени пациенти е 67164, на починати е 2614, а бројот на активни случаи изнесува 16372.