2win800x200

Битола е блиску до излегување од зоната на многу висок ризик за ширење на заразата, анализа на професорот Трајковски

Јануари 14, 2021

 

Битола е блиску до излегување од зоната на многу висок рисок (ризик) за ширење на заразата (>120 случаи за 14 дена на 100.000 жители), согласно еден од трите критериуми на ECDC, стои во најновата анализа на професорот Дејан Трајковски за ковид кризата во државата и конкретно во Битола .
Уште поважно е тоа што во досегашниот тек на епидемијата Битола сепак подобро се држела од остатокот на државата, што убаво може да се види од споредбениот дијаграм на 14-дневните инциденци (збировите на нови случаи) сведени на 100.000 жители за Битола (зелената линија) и Македонија (црвената линија). Инаку, 14-дневната инциденца приближно го одразува бројот на активни случаи на 100.000 жители, кога истите автоматски би се затворале после 14 дена.
Се забележува дека речиси цело време, а особено до почетокот на есенскиот бран на епидемијата, во Битола бројките биле далеку помали отколку на ниво на државата. Дури и во третиот бран во Битола бројките растеле побавно, а се намалувале побрзо - поради тоа битолскиот врв е потесен и поостар отколку македонскиот.
Бидејќи вкупните броеви на заболени на 100.000 жители приближно одговараат на површините под секоја од кривите, со оглед на тоа што зелената крива речиси во целост е под црвената, јасно е дека површината под неа, односно вкупниот број на случаи во Битола, сведен на 100.000 жители, цело време од почетокот на епидемијата до било кој датум бил понизок од македонскиот број.
Битолчани можат да бидат релативно задоволни, барем што се однесува до бројот на заболени (иако не толку и според бројот на починати, поради повисоката стапка на леталитет).
 
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани