АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Од 09:10 часот е укината забраната за сообраќај на тешки товарни возила на патниот правец Битола – Ресен преку планинскиот премин Ѓаватo, а од 09:30 часот и забраната за сообраќај на тешки товарни возила на патниот правец Крива Паланка – граничен премин Деве Баир, соопшти АМСМ.
Според АМСМ, забрана за движење на тешки товарни возила со приколка има на кракот Маврово-Дебар.
Тешки товарни возила не можат да се движат и на патот од Дебар кон Струга, а во спротивен правец од Струга кон Дебар нема забрана.
Забрана за камиони има на патот Прилеп – Кавадарци преку планинскиот премин Плетвар, како и за камиони и за автобуси на патот Тетово – Попова Шапка.
Во целосен прекин е и патот меѓу селата Ранковце и Герман.