АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Советот на Општина Битола на седницата закажана за утре ќе донесе одлука за основање на заедничко јавно претпријатие за вршење на превоз на патници на општините Битола, Новаци и Могила, најави денеска Методија Илиевски советник на СДСМ Битола во Советот на општина Битола.
Според него со оваа соработка помеѓу трите пелагониски општини, битолчани, новачани и могилчани добиваат поквалитетен превоз, полесен и побрз транспорт и, секако, современ и еколошки прифатлив начин за патување.
-Во месец март се очекува испораката на двата минибуси на метан кои Општина Битола ги набави за превоз на патници, а кои ќе бидат на располагање на ова јавно претпријатие.
Склучен е договор за набавка на дополнителни два еколошки минибуси на метан, кои што треба да бидат испорачани оваа есен. Со ова, јавно пратпријатие полека, но сигурно ќе ги добие неопходните ресурси за работа.
Со формирањето на заедничко јавно претрпијатие за превоз на патници на општините Битола, Новаци и Могила, се осовременува јавниот превоз во секоја од овие општини. Една од целите е зголемување на опфатот на корисници, односно намалено користење на сопствените патнички возила. Со тоа ќе се намали сообраќајниот метеж, а набавката и употребата на современи еколошки возила за превоз на патници дополнително ќе го намалат загадувањето на амбиенталниот воздух, вели Илиевски.