2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

Магистер по менаџмент од Битола остана без работа, па живее и без струја- потребна е помош

Февруари 27, 2021

Цела постела ја прекри со дипломи и сертификати кои се потврда за образованието што го стекнал. Но, Благојче Трајковски од Битола, магистер по стратешки менаџмент, подолго време не може да најде работа и покрај високото образование.

Скоро две години живее од социјална помош која месечно изнесува само 4000 денари и не му е доволна да ги подмири трошоците за живот. По смртта на мајка му, од пред три години во станот живее сам, а поради неплатени сметки исклучена му е струјата. Сумата што ја должи кон ЕВН изнесува околу 16 500 денари и се надева дека ќе се најдат хумани луѓе кои ќе му помогнат да ги плати заостанатите сметки за половина година и конечно светилката да светне и во неговиот стан.

„Овие три години откако почина мајка ми во мај 2017 година тешко опастанувам. Ми заостанаа сметките и не можав да ги исплатам. Ми ја исклучија и струјата. Цела една година немав струја, во мај и јуни добив по одреден изплатен долг, а од јули до јануари повторно живеев без струја. Ја поуштија струјата со една платена рата од 10 000 денари , но во рок од 25 дена ми ја исклучија пак. Имам долгови кон јавни претпријатија,а и побараувања од двајца извршители за сметки и за кредит бидејќи пред 4 гиодини подигнав кредит и сакав да ја прошетам мајка ми во Шведска, знаев дека е болна и ми беше жал. Сега каматите пораснаа и дојде сума од 1000 евра што треба да ја вратам, а толку пари немам“, вели Трајковски.155536768 126624422702470 8366841817216047510 n

Има и сертификати за компјутерски вештини, но не може да работи онлајн зашто во домот нема струја. Вели дека барал работа низ банките во земјава, како и во други компании, но по интервјуата ни една не го побарала за да го вработи.

„Јас сум менаџер по професија, но не можам да си најдам работа во оваа средина од областа во која учев. Би работел секаква работа. Работев како таксист минатата година“, вели Благојче.

Доколку најде работа, ќе може долговите сам да ги исплати и да застане на свои нозе.

„Тешко ми е, студено, не можам секојдневно да купувам храна. Јадам еднаш дневно. Немам кој да ми помогне, затоа молам хумани граѓани ако можат да ми помогнат со храна или друга помош, барем да се плати сметката за струја“, вели тој.154846096 131921548819507 6288253525317001194 n

Здружението „Млади хуманисти“ веќе објави апел за помош на Благојче Трајковски.

„Му донесовме хигиенски производи и можеме да му помогнеме во облека, отворивме преку здружението сметка каде хуманите граѓани може да донираат средства. Жиро сметката е 290200000393376 на ТТК банка. Ние нема да му дадеме пари во кеш, туку собраните средства ќе ги уплатиме директно во ЕВН за да му ја вклучат стујата. Секоја помош е добредојдена“, вели Боран Тодоровски од „Млади Хуманисти“.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани