2win800x200

Во еден ден два пати запалена дива депонија на Бајрот

Март 08, 2021

Во два наврата битолската Противпожарна единица вечерва гаснеше дива депонија на населбата Баир, за која постојат индиции дека некој ја потпалува.

Како што за Апла.мк соопшти комадирот Горан Димкоски депонија се наоѓа на крајот од улица Дебарска под мостот. Првиот пожар бил пријавен во 18 часот, а пожарникарите само што го изгаснале и се вратиле назад, повторно добиле дојава дека гори на истото место, по што екипата повторно се упатила таму. Интервенцијата е отежната зашто до местото каде што се наоѓа депонијата нема асфалтен пат. Димскоски вели дека нема опасност по околните куќи и дека пожарот ќе биде ставен под контрола. 

Инаку, според битолчани кои живеааат на Бајрот скоро секој ден се случува да се пали сметот во годниот дел каде што е дивата населба, се палат гуми, кабли, па дури и ѓубре зад оградата што е подигната на патот.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани