2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

Во Битола 9 цм снег до 16 часот, врнежите продолжуваат и утре

Март 21, 2021

ВИСИНА НА СНЕЖНА ПОКРИВКА во 16 часот (во см)

27 Маврово, 24 Ѓуриште, 19 Лазарополе, П. Шапка, 15 Тополчани, 14 Пожаране, 12 Претор, 9 Битола, 8 Берово, 5 Штип, 4 Тетово, Прилеп, 1 Скопје За. Рид. 
 
НАВРНАТ ВОДЕН ТАЛОГ за изминатите 9 часа до 16 часот (во л/м2)
14 Пожаране, 10 Гевгелија, Тетово, Претор, 9 Ѓуриште, 8 Битола, 7 Штип, Тополчани, Берово, 6 Прилеп, Скопје За. Рид, Д. Капија, 3 Охрид, Струмица, 2 К.Паланка.
 
ВРЕМЕТО ВО СЛЕДНИТЕ ДЕНОВИ
 
  Утре ќе преовладува облачно време со врнежи од дожд, а на планините и на повисоките места од снег.
 
Врнежите повремено ќе преминуваат во снег и на некои пониски места, особено во ноќните и утринските часови.
 
Пообилни врнежи ќе има во западните и северните делови (локално над 30 л/м2).
 
До утре кон крајот на денот на планините ќе се формира позначителна снежна покривка, а нова од околу 15 см ќе има во западните и североисточните делови. Проретчена снежна покривка (5 см.) ќе се формира и низ Скопската Котлина.
 
Од утре до среда ќе дува повремено силен ветер од северен правец (локално и над 60 км/час). Најстудено наутро ќе биде во среда и четврток.
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани