По 22 години шумската полиција доби поголема плата за 30 проценти

Април 09, 2021

После многу протести, договори и преговори, конечно некој   од надлежните одговори на барањата на Шумската полиција. За првпат после 22 години шумските полицајци  добија  за 30 проценти повисока плата. Со ова покачување основната плата на еден шумски полицаец изнесува околу 23.000 денари и плус другите додатоци. Од Независниот синдикат  на шумската полиција велат дека министерот за земјоделство, Аријанит Хоџа, за неочакувано краток период започнал со реалзиација на дадените ветувања за повисоки палти, подобрување на условите и правата на Шумксата полиција,.

- После 22 години, денеска шумските полицајци добија за 30 отсто повисока плата! Неодамна, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Арјанит Хоџа, го потпиша Колективниот договор со кој се уредуваат, статусот, правата, обврските и одговорностите во врска со работниот однос на вработените во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. Со новиот Колективен договор, за првпат, системски се регулираат правата и обврските за личен доход кај овластените службени лица во Шумската полиција. Исто така за првпат се регулира правото за добивање на додаток во висина од 30% за видот, природата и сложеноста на работите што се извршуваат како и тежината и посебните услови под кои се извршуваат, вели Никола Гагоски, претседател на Независниот синдикат на Шумската полиција.

Покрај покачување на платите, до крајот на месецот Шумската полиција ќе добие и нови униформи, а последен пат ги добиле во 2009 година. Независниот синдикат на шумските полицајци упати јавна благодарност до сите кои кои имаа трпение и веруваа во заедничките заложби за остварување на поголеми плати и права за Шумската полиција.

Министерот Хоџа упати честитки до сите шумски полицајци, со надеж за нови заеднички професионални успеси.

-Ова нека биде дополнителен мотив за уште посилна борба против криминалот и корупцијата, со цел искоренување на безправната дива сеча на нашите шуми, напиша на својот ФБ профил министерот Хоџа.

Од Независниот синдикат на Шумската полиција најавуваат бескомпромисна борба со нелегалната сеча и транспортот на нелегална дрвна маса. Припадниците на Шумската полиција за службата која ја извршуваат се постојано мета на напади на групи дрвокрадци, често пати се загрозени нивните животи, палени возилата, голем број од нив се здобиле со тешки повреди при одбрана на македонските шуми, а последици трпат  и нивните семејства.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2020 АПЛА.мк. Сите права се задржани