2win800x200

Нема повредени ниту жртви во сообраќајката во која се преверте автобус со работници

Април 12, 2021

Автобус кој превезувал работници вработни во тутунска компанија од Битола, за да избегне судар со трактор, излетал од патот и се превртел. Според првичните информации, во ова сообраќајна незгода нема повредени, ниту жртви. Очевидци велат дека патниците се извлекле од автобусот без повреди , но биле видно вознемирени

Несреќата се случи во 14 часот и 30 мин на регионалниот пат Битола-Кичево, во близина на селото Драгожани. При тоа, автобусот, за да избегне судир со еден од тракторите преминал на другата коловозна лента и се превретел . Полицијата изврши увид, а од СВР Битола потврдуваат дека нема повредени патници. 

Сообраќајот на патниот правец Битола-Кичево е нормализиран

4а

3а

2а

 

1а

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани