2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

Тошевски предложи Општината да набави информатичка опрема за сите ученици, Груевски побара прецизно да објасни за што ќе се користи

Јуни 07, 2021

Општината да набави информатичка опрема за сите 11 илјади ученици во основните и средните училишта, побара советникот од ВМРО-ДПМЕН Иванчо Тошевски на денешната седница на Советот на Општина Битола. Тој побара измени на дневниот ред за да може да се дополни со оваа точка.

- На 71 седница утврдивме дека на наменските сметки има вишок од 2020 од 14 милиони денари од основно образоавние и 69 милиони денари од средно образоване, или вкупно 83 милиони денари. Предлогот на ВМРО-ДПМНЕ е овој проект кој ќе се финансира со овие 69 милиони денари да биде набавка на информатичка опрема и други електрорнски помагала за сите ученици од средните и основните училишта и за целиот наставен кадар за непречено одвивање на онлајн настава. Има 11 илјади ученици и уште  1000 наставен кадар, рече Тошевски.

Претседателот на Советот Валентин Груевски, побара од Тошевски да појасни за што точно ќе се користи информатичката опрема.

-Се извинувам, само за појаснување, бидејќи мора да го запишам предлогот. Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ бара да купиме информатичка опрема за сите деца за да учат од таа информатичка опреама? Или како?, праша Груевски

Тошевски, пак, го обвини  за политички игри, најверојатно алудирајќи дека Груевски мисли на дигиталните учебници на кои ВМРО-ДПМЕН се противи, рече дека информатичката опрема ја бараат затоа што извесно е дека и следната учебна година ќе има онлјан настава

-Претседатле, целосно ве разбирам која ви е целта, знам во која насока сакате да го извртите овој предлог, нема потреба од политички игри. Мислам дека не е време и не е момент за политички игри. Јасен и недвосмислен е предлогот-да се набави информатичка опрема за следење на онлајн настава. Од сите консултации со експерти од здравството и на есен се очекува да има некои пикови. Најверојатно нема да бидат како есенскиот и пролетниот бран, но се уште е отворено прашањето, дека најверојатно дел од учениците повторно ќе имаат онлајн настава, рече Тошевски 

По пазузата, Груевски рече дека со третата точка на дневниот ред, „Одлука за префрлување на вишок на средства од сметката за блок дотации на сметката на основниот Буџет на Општина Битола за 2021 година“, се предвидува пренамена на 21 милион денари, пари кои останале од блок дотациите, кои ќе се користат за основното образоавние, но потребно е да се добие согласност од Владата.

-Треба да добиеме согласност од Владата дека овие пари можеме да ги искористиме на друг начин. Идејата е овие 21 миилион денари да бидат вложени во основното образоавние. Дел ќе се користат за набавка на некава опрема, дел за подобрување на инфраструктурата, но тоа доплнително ќе го утврдиме на седницата во четврток. Треба да добиеме дозвола од Министесртвото за образование и Владата за да ја извршиме оваа пренамена, рече Груевски. 

Измени на дневнито ред побара и советничката од ВМРО ДПМНЕ, Емилија Илиевска, која излезе со предлог да се постават контејнери на повеќе локации во населебата во поранешната Касарна и да се зголеми нивниот број. Советничката од ВМРО-ДПМНЕ, Анита Ангелевска, пак побара градоначалничката Наташа Петровска да дојде на седницата, а побара доплнителна точка на дневнит ред –информација за прием на граѓани од страна на градоначалникот на Општина Битола. Исто така Ангелевска побара и дополнување на дневниот ред со уште една точка, информација за обезбедени  нови вработувања за стручен пероснал во домот за стари лица „Сју Рајдер“

Мнозинството гласаше воздржано за предлозите на Тошевски, Илиевски и Ангелевска, за измени на дневниот ред. За останатите точки од усвоениот дневне ред немаше расправа од страна на советниците.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани