АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Инженериската единица на Армијата помага во уредување на крајбрежјето на Преспанското Езеро. Министерството за одбрана ја поддржува акцијата “Чиста Преспа, моја Преспа” која трае еден цел месец со цел почисти и поубави плажи во Преспа.
„Армиско цивилната соработка е секогаш ефикасна и во служба на граѓаните“, напиша на својот фб профил министерката за одбрана Радмила Шекеринска која ја посети Преспа.
„Заедно со министерката за одбрана Радмила Шекеринска, денеска бевме во посета на припадниците на инженериската единица на армијата, која со својата механизација се вклучи во најголемата еколошка акција Чиста Преспа Моја Преспа за чистење на крајбрежјето на Преспанското Езеро. Моето задоволство е огромно што оваа акција доби огромна поддршка од голем број државни институции, бизнис секторот, невладините организации и волонтери кои се вклучија во истата.Акцијата продолжува и во наредните денови“, соопшти градоначалникот на Ресен, Живко Гошаревски. ,