АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Интегрален текст од изјава на координаторот на советничката група на СДСМ Битола, Методија Илиевски
СДСМ нема да дозволи импровизации и авантури со еден од брендовите на Битола – ФК Пелистер. Неговата иднина мора да биде предвидлива и одржлива. Фудбалскиот клуб Пелистер, како и спортската јавност во Битола го заслужуваат тоа.
Како што е веќе познато во јавноста, до Советот на Општина Битола пристигна писмо за намери од британска компанија која сака да купи 75 % од акциите на ФК Пелистер. Понудата ветува и СДСМ во овој момент го поздравува интересот на компанијата да го развива ФК Пелистер.
Одлуката за продажба на мнозинскиот пакет акции на ФК Пелистер, сепак, денес не се најде на дневен ред на седницата на Советот на Општина Битола. Општина Битола и советничката група на СДСМ одлучија да и дадат време на заинтересираната компанија да испрати дополнителни информации во врска со нејзините намери за иднината на ФК Пелистер. Во следните денови референци на компанијата каде и што работела, нејзината финансиска состојба, како и детален план за работа на ФК Пелистер.
Сакам да истакнам дека СДСМ апсолутно ги поддржува барањата на навивачката група Чкембари кои во случајов се целосно компатибилни со нашите. Силен ФК Пелистер е интерес на сите што и мислам добро на Битола. Затоа, сакам да порачам дека откако ќе ги добиеме бараните информации, сериозно ќе пристапиме кон разгледување на понудата.
Општина Битола предводена од СДСМ и Градоначалничката Наташа Петровска во изминатите скоро четири години го поддржа ФК Пелистер со 37.500.000 денари, односно со над 600.000 евра. И овојпат ќе донесеме одлука со која Битола и битолчани ќе се гордеат и која ќе обезбеди стабилна и сигурна иднина за ФК Пелистер!
линк од видеото: https://wetransfer.com/downloads/87b4c4f22a9b34913fc7bede1959509b20210706093336/e7e9ec89610f08fba5ae1b1498ea118720210706093502/81a6cd