
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Почитувани,
ОО на СДСМ Битола ја известува јавноста дека сите наводни резултати од вчерашната внатрепартиска анкета за кандидат за кандидат за Градоначалник, објавени на социјални медиуми се класична лажна вест.
Веродостојните резултати од анкетата се само за интерна употреба на СДСМ и ќе бидат предмет на разгледување на највисоките партиски тела.
ОО СДСМ Битола а со тоа и СДСМ нема да дозволи "подземни" игри чија цел е да внесе конфузија меѓу граѓаните и партиските членови.
Демократскиот капацитет на СДСМ и овојпат ќе биде посилен од интереси кои не и мислат добро на партијата и државата.
СДСМ и овојпат ќе го понуди Најдоброто за нашата Општина!