
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Партиите ЛДП и Дом, заедно со уште неколку невладини организации дефинитивно договориле коалиција и на следните локални избори ќе настапат самостојно со над 60 советнички листи и 30 кандидати за градоначалници.
Во Битола носител на коалицијата ќе биде ЛДП, која се очекува да предложи свој кандидат за градоначалник и носител на листа. Според наши информации се планира кандидат за градоначалник да биде или познат битолски бизнисмен или пак проверен партиски кадар. Во игра влегуваат министерот за локална самоуправа Горан Милевски, претседател на ЛДП, претседателот на битолскиот Совет Валентин Груевски, директорот на ЈКП „Нискоградба“ Битола Методи Силјановски, а во игра биле и двајца поранешни директори, еден на здравствена институција и еден на републички фонд. Анкетите се уште траат и во зависност од тие резултати ќе биде определен и кандидатот. Промоцијата на коалицијата ќе се одржи во среда во 19 часот во Градски парк во Скопје, а најавите се дека веднаш после тоа ќе има иста и во Битола.