АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Нeвремето во текот на ноќта со врнежи од дожд и силен ветер не предизвика поголеми штети во битолскиот регион. Од Центарот за упаравување со кризи во Битола, за Апла.мк изјавија дека кај нив, засега, нема пријави на штети, освен проблемите во снабдувањето со електрична енергија во битолските села Бач, Сливница и Скочивир.
Од Управата за хидрометеоролошки работи известуваат дека денеска, 1 април, времето ќе биде сончево со умерена облачност, а во западните и североисточните делови, значително облачно со услови за дожд. И натаму ќе дува силен ветер со брзина и над 80 км на час.Кон крајот на денот брзината на ветрот ќе се намали.
Максималната дневна температура ќе биде во интервал од 11 до 19 степени
Од утре до среда времето ќе биде сончево, а дневната температира во пораст. Нов влажен бран со врнежи од дожд се очекува кон крајот на работната недела