Градинката во Буковски Ливади доби нова училница

Јули 27, 2021

 

Во градинката во населбата Буковски Ливади, која е во состав на ЈОУДГ„Естреја Овадија Мара“, комплетно се осопособува и опремува уште една училница, која од септември дополнително ќе згрижува нови 20 деца според актуелните протоколи.

Градоначалничката на Општина Битола Наташа Петровска ја посети градинката, каде што се изведуваат повеќе зафати за осовременување на згрижувачкиот и воспитно-образовниот процес. Општина Битола издвои 180.000 денари за санација на дограмата во училницата, со што дава свој придонес за оспособување на нова занимална, а со тоа и намалување на бројот на деца од листата на чекање за упис во градинките.

Директорката на градинките Лидија Тфирст Митрвска посочи дека во оваа просторија се изврши комплетно бојадисување, лакирање на паркетот, а набавен е и нов мебел за сите занимални, односно масички, столчиња, гардеробери, креветчиња, нови душеци. Паралелно, се реновираа и терасите во објектот.

Изминатите две и пол години, отворени се 4 нови занимални во рамките на градинките „Естреја Овадија Мара“, како и градинката во Кравари која има две занимални, со што дополнително се овозможени услови за згрижување на нови 120 деца, по ковид стандарди.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани