2win800x200

Филипче гостин на Хепар центар Битола на Светскиот ден на борба против хепатитот

Јули 28, 2021

 

Морам веднаш на почетокот да му честитам на Милан за големиот ангажман и енергија која што сите овие изминати години ја вложува во деловно управување на правата, квалитетот на живот на пациентите кои што имаат болест на хепарот, рече министерот за здравство Венко Филипче на денешниот настан на Хепар центар Битола каде се одбележа Светскиот ден за борба против хепатитот. На настанот  се разговараше за неколку аспекти кои што значат подобрување на квалитетот и олеснување на пристапот на пациентите при лечење на болестите на хепарот.  За таа цел воведена е  новата терапија на Клиниката за инфективни и на Клиниката за гастро заболувања.

-Станува збор за една патологија која што бара мултидисциплинарен пристап ова не е нешто што може да го реши еден лекар специјалист или може да го реши со еднодневно или краткотрајно лекување на пациентите. Ова е патологија која што пациентите ја носат практично целиот живот и квалитетот на животот им зависи од тоа каква терапија ќе примаат, дали се тоа модерни лекови, дали е тоа современа терапијаа во исто време, практично од тоа колку рано е дијагностицирана болеста дали има шанси да се излекуваат или едноставно ќе бидат соочени со последици кои што можат да им го загрозат животот. Затоа дури и за време на ковидот ние многу внимание обрнавме и на малигните заболувања во ниту еден момент не се укина здравствената услуга за пациентите кои што имаат малигна болест, Клиниката за онкологија и радиотерапија, понатаму останатите Клиники за гастро и ГОБ "8 ми Септември" и покрај тоа што беа трансформирани во ковид центри не прекина останатиот дел од работата. Исто како што не ја прекинаа здравствената услуга за пациентите кои имаа потреба од итна интервенција и кога разговараме за тоа како да го унапредиме нашиот здравствен систем, и кога разговараме за тоа зошто ни е потребен нов и современ Клинички центар секогаш ни е на ум што значи да се има мултидисциплинарен пристап поради тоа што токму тоа значи напредок во медицината, повеќе лекари од повеќе специјалности седат заедно, како што сега седат заедно на оваа маса, разговараат за тоа што секој од своја страна од аспект на унапредувањата на сопствената специјалност може да даде како придонес на пациентите со некоја специфична патологија. И затоа многу често кога разговараме за таа патологија седат заедно и онколозите, гастроентерохепатолозите, болницата "8ми Септември"што значи да се има интегриран тип на здравствена услуга и токму тоа сакаме да го реплицираме во новиот Клинички центар, рече во својот говор министерот Филипче.

За болестите на хепарот со хепатит б или ц  на настанот зборуваа  експерти што значи да се има активна болест и да биде живото загрозувачки, но во исто време што значи да се има хепатит во смисла на тоа пациентот да е само носител и што се може и треба да внимава  во однос на исхраната, пиењето итн, за да не ја влоши состојбата и што се тоа значи како ризик фактор да се добие карцином на црниот дроб.

-Затоа сметам дека еден ваков мултидисциплинарен пристап, свест пред се кај лекарите за соработка на повеќе лекари специјалисти, ова е декларација прва национална која ја потпишуваме за да ја подигнеме свеста за важноста на раната детекција на овие болести и ние од страна на Министерството се обврзуваме да ја внесеме оваа програма во делот на нашите превентивни програми, исто како раната детекција на карциномот на дојка, на дебело црево, простата, и сето тоа што го разговараме за унапредување на превентивните програми, и не само декларативно во смисла на потпишување на документи, туку и што реално правиме на терен за да се зајакнат овие одделенија и овие системи, рече минситерот.

За првпат во нашата земја на располагање се финансиски средства од ИПА фондовите, во интензивна комуникација со Евроамбасадорот , одговорен во делот на овие преговори господинот Никола Бертолини.

Нема достапен описНема достапен опис

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани