АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Проект вреден 100.000 долари кој вклучува конзервација и презентација на мозаици и архитектура на археолошкиот локалитет Хераклеја кај Битола ќе биде финансиран со гранд од САД обедбеден преку Амриканската амбасада во Македонија.
Согласно проекната апликација, со конзерваторските зафати ќе бидат опфатени мозаичните површини и архитектурата во делот на Малата и Големата базилика, Базилика Е, потоа, Епископската резиденција, кружната кула, градската фонтана и друго.
Во работна посета на археолошкиот локалитет беше американската амбасадорка Кејт Брнс.
„Среќна сум што американскиот народ ќе помогне во заштитата на ова културно наследство кое ќе остане на генерациите што доаѓаат“ - рече амбасадорката Брнс.
Прокетот беше одобрен кон крајот на минатата година. Подготвителните активности се веќе во тек, конзерваторските проекти се веќе во завршна фаза на изработка и од Завод и музеј од Битола се надеваат дека во најскоро време ќе започнат со реализација.
„Конзерваторските интервенции кои во вака голем обем, интегрално, за прв пат се превземаат токму благодарение на овој грант, не само што ќе овозможат зачувување на овие исклучително вредни културни добра по кои Хераклеа е препознатлива, туку ќе дадат и едно ново светло и значење на самиот локалитет“, соопштија од Завод и музеј Битола.
Во оваа прилика, директорката на НУ „Завод и музеј“ – Битола, д-р Мери Стојанова, изјави: „Би сакала да се заблагодарам на владата на Соединетите американски држави, за одобрените средства, на американската амбасадорка, г-ѓа Кејт Бурнс, за несебичната поддршка и пријателство кои имавме можност да ги почувствуваме во изминатиот период и се надевам дека по завршувањето на овој повеќегодишен проект, заедно ќе имаме можност да се радуваме на постигнатите резултати. Исто така би сакала да се заблагодарам на сите колеги и соработници кои на различен начин придонесуваат за успешна реализација на овој проект, и кои со своите заложби овозможуваат да бидеме подобри и поуспешни“.