
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Јасмина Гулевска, актуелната градоначалничка на Општина Могила добива шанса од матичната партија СДСМ да се трка за втор мандат на претстојните локални избори.
Ѕвонко Пекевски – Берово, Борис Георгиевски – Гази Баба, Јасмина Гулевска – Могила, Тони Делков – Неготино, Даниел Крстевски – Ранковце. Ова се петте имиња кои синоќа го поминале филтерот на Извршниот одбор на СДСМ.
„Ова се кандидатите кои според сите истражувања, анализи и испитувања на јавното мислење се најдобрата понуда за општините Берово, Гази Баба, Неготино, Могила и Ранковце“, соопшти претседателот на СДСМ Зоран Заев.
Процесот на селекција на кандидатите за градоначалници продолжува до крајот на август, до кога се очекува негово целосно заокружување, велат од СДСМ.
Делков, Георгиевски, Гулевска и Пекевски се актуелни градоначалници и на изборите ќе се борат за нов мандат. Претходно СДСМ веќе номинира триесетина кандидати за градоначалници од кои повеќето се веќе актуелните