2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

Спортските клубови со поддршка од 1,5 милиони денари од Општина Битола

Август 06, 2021

 

Со цел поттикнување и унапредување на спортот, популаризирање на масовниот спорт и опфат на што повеќе млади луѓе во населените места, како и реализација на програмата за развој на спортот и постигнување на високи резултати на натпревари од највисок ранг на домашни и странски првенства, Општина Битола даде поддршка од 1.509.000 денари за спортските клубови, здруженија и спортисти од општината.
 
Одобрените средства веќе се исплаќаат на апликантите кои со свои предлог програми и извештаи од реализирани активности аплицираа на јавниот повик од страна на Општина Битола за доделување финансиски средства од буџетот на општина Битола на спортски клубови, спортски здруженија и спортисти за 2021. Комисијата за млади, спорт и рекреација при Советот на општина Битола, изборот го изврши согласно наведените критериуми во објавениот јавен повик.
 
-На овој начин, Општина Битола, меѓудругото се грижи и за унапредување на стручната работа и усовршување на стручните кадри во спортот, како и унапредување на младите категории спортисти. Поддршката на спортистите и спортските здруженија, доаѓа како дополнителна стимулација за развојот на спортот во општината. Во тој контекст, професионалните спортски клубови годинава финансиски се поддржани од Општина Битола со 26.617.246 денари, а реализирани се и повеќе инвестициите во подобрувањето на спортската инфраструктура, како реконструкцијата на кугланата, новата кровна конструкција и дограма на спортската сала, новите спортски терени во ОУ Тодор Ангелевски, ОУ Кирил и Методиј, спортската сала во ОУ Трифун Пановски, спортските игралишта во Буковски ливади и други проекти од областа на спортот, согласно програмата за работа на градоначалничката Петровска", се наведува во соопштението од Општина Битола
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани