АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
24-годишниот ресенчанец кој утрово починал од ковид 19 во Битолската клиничка болница, самиот потпишал дека на своја одговорност го напушта болничкото лекување. Од Министерството за здравство велат дека пациентот бил примен во болницата на 24 август како суспектен на Ковид19, имал ниска сатурација и отежнато дишење, биле направени сите потребни лекарски проверки, тој имал масивна бронхопневмонија, ниска сатурација, и веднаш му била дадена терапија и бил ставен на кислородна поддршка.
Откако ја примил терапијата, пациентот одбива да остане на болничко лекување, иако запознаен со сериозноста на состојбата и потребата од доиследување, пациентот бара да биде пуштен на домашно лекување. По потпишана изјава дека си оди на сопствена одговорност, пациентот е испишан со препишана терапија која треба да ја прима во модуларната болница во Ресен.
Следниот ден, на 25 август, пациентот е донесен од Оопштата болница во Охрид за хоспитализација во битолската болница.
Веднаш хоспитализиран во тешка општа состојба со ниска сатурација, поставен на двојна кислородна поддршка, интензивна терапија, но и покрај тоа постојано му се влошува состојбата и паѓа сатурацијата.
Утрово и покрај обидите на лекарите да го спасат, пациентот починал. Во системот не се заведени коморбидитети кај пациентот и тој не бил вакциниран.
24-годишниот ресенчанец е меѓу 36 починати од ковид-19 денеска.