АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
По повод 100 години од раѓањето на Блаже Конески, Центарот за литература, уметност, култура, ораторство и јазик при Педагошкиот факултет - Битола распишува конкурс
на тема „Учителот“
1. За литературна творба – песна (за ученици од основното и средното образование и за студенти),
2. За ликовна творба (за ученици од основното и средното образование и за студенти).
Конкурсот трае до 30 септември 2021 година. Резултатите ќе бидат објавени на веб-страницата на Педагошки факултет - Битола (www.pfbt.uklo.edu.mk), а на 5 октомври 2021 (по повод Светскиот ден на учителот) ќе биде организирано литературно читање и ликовна изложба на пристигнатите творби во просториите на Педагошкиот факултет – Битола или онлајн (во зависност од ситуацијата со Ковид-пандемијата), а потоа ќе се објави зборник на трудови посветени на Блаже Конески.
Наградените учесници на конкурсот, освен признание за освоено место и објава во зборникот ќе добијат и книги од македонски автори.
Трудовите за точка 1 од конкурсот како посебни документи (doc. или docx) да се испраќаат во електронска форма со назнака за која точка од конкурсот се конкурира на следнава емаил адреса: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.. Ликовните творби (трудовите од точка 2) да се испраќаат на истата емаил адреса Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите., но и на адреса: Педагошки факултет ул. „Васко Карангелевски“ бб Битола со назнака „За Учителот“.
Еден автор може да испрати најмногу три творби. Авторите треба да ги испратат и следниве податоци заедно со творбата во истиот документ/ пратка:
а) за учениците: име и презиме, одделение, училиште, град, контакт телефон и емаил, податоци за творбата и ментор - наставник ако е соодветно;
б) за студентите: име и презиме, факултет, контакт телефон и емаил и податоци за творбата.
Се напоменува дека треба да се испраќаат трудови коишто не се објавени претходно ниту во печатена, ниту во електронска верзија на кој било медиум и кои не биле наградувани на други конкурси.