2win800x200

Доделени наградите на 29 издание на Фестивалот на аматерскиот документарен филм "Камера 300"

Октомври 15, 2021

 Филмот ,,Јонузов мост",  на авторот Петар Узуновски од Македонија, е добитник на Гран при плакета Милтон Манаки на 29 ФАДФ ,,КАМЕРА 300. Ваква одлука донесе жири комисијата во состав мајсторот на филм Љупчо Петровски од Шведска, доцент д-р Антон Антонов од Бугарија, Целина Шевченко од Молдова, проф.Д-р Мишо Нетков и Благојче Божиновски од Македонија, откако на 14 и 15 октомври ги прегледа сите 39 пристигнати филма.

Според одлуката на жирито,  Златна ,,Камера 300" е доделена на филмот ,,Микрокосмос" на авторите Јирген и Бергет Бергман од Германија

Сребрена ,,Камера 300" на филмот ,,Ресавска пештера" на авторот Диме Талевски
 
Бронзена ,,Камера 300" на филмот ,,Направи филм" од Бугарија
 
Плакета на УНИКА е доделена на филмот ,,Писмо" чиј автор е Давид Козаров
 
Жирито додели и авторски награди-
Плакета на Општина Битола за најдобра камера на авторот Франц Моге од Словенија за филмот ,,Клукајдрвец,"
Плакета за најдобра режија "Драги Савевски" на авторот Сергеј Дхутли од Русија за филмот ,,Летни приказни"
 
Плакета за монтажа на Пеце Стефановски од Македонија за филмот ,,Двете жени од Мраморец"
 
Плакета за идеја "Стево Сидовски" наТони Мкстајлер од Германија за филмот ,,150 нијанси зелено".
 
Плакета за репортажа на група автори од КК Шумен Бугарија за филмот ,,Човекот и неговото време"
 
Специјални награди се доделени 
-за музика на Томе Љушев од МКД за филмот ,,Аманет на стариот ангел".
 
На Кристијан Кочовски за филмот ,,Првиот"
На Јан Хотман од Холандија за филмот ,,Последното патување"
 
На James Chalmers од Англија за филмот ,,Гробишта на чамци", соопшти претседател на жирито Мајстор на аматерскиот филм Љупчо Петровски
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани