2win800x200

Интервју со Стефан Хаџиантоновски: „Политиката не е тема во филмовите на Фестивалот Камера 300, туку патувањата, обичаите и традицијата“

Октомври 20, 2023

31 издание на Интернационалниот фестивал на аматерскиот документарен филм „Камера 300“ во Битола и годинава се одржува под водство на филмофилот и еден од основачите на филмските фестували во Битола, Стефан Хаџиантоновски.

Фестивалот годинава слави 31 годсина постоење. Каков е интересот за учество?

С.Х.: Со работата на меѓународно стручно жири започнаа активностите на 31 издание на Интернационалниот фестивал на документарен филм „Камера 300“. Пристигнаа 45 филмови. Жирито има за задача да ги прегледа сите пристигнати филмови и да определи кои ќе бидат во официјална програма за време на фестивалот на 3 и 4 ноември и кои филмови ќе ги добијат високите признанија Гран при, Златна, Сребрена и Бронзена Камера 300 за најдобри филмови и авторските награди за режија, монтажа, идеја, камера и специјални награди.

iri

Колкав е интересот кај македонските документаристи за учество на фестивалот?

С.Х. Фестивалот е под патрон на УНИКА, таа секоја година доделува плакета за најдобар македонски филм. Годинава има 24 македонски филмови, скоро половината. Од други држави имаме филмови од од Австрија, Чешка, Словенија, Германија, Србија, Бугарија. Имаше и другпат голем интерес за учество на македонски филмови. Имаше години кога беа повеќе од половината од пристигнатите филмови македонски. Македонската продукција годинава е добра и квалитетна. Жирито ќе има вистина тешка задача да одреди кои филмови ќе бидат наградени. Инаку интернационалната манифестација е финансиски поддржана од Општина Битола и Агенцијата за филм, кои долги годиони го помагаат фестивалот.

Кои теми преовладуваат во филмовите?

С.Х.: Темите се документарни, од верски, занаети, обичаи, традиција. Документаристиката е широка во однос на презентирањето на темите. Во македонските филмови претежно преовладуваат обичаи, теми за манастири, традиција, панорама, патувања. Нема политика. Некои се снимени со мобилни телефони, но претежно со камери.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани