АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Фирмата Спорт Бит е новиот сопственик на 75% од акциите на Фудбалскиот клуб Пелистер, од каде информираат дека следува стабилизирање и развој на клубот.
-Обезбедуваме сигурна и стабилна иднина за ФК Пелистер. Чест и задоволство ми е денес да соопштам дека фирмата Спорт Бит е новиот сопственик на 75% од акциите на Фудбалскиот клуб Пелистер. со ова се исполнува ветувањето за стабилизирање и развој на клубот. На сите во клубот денес им се исплатени заостанати плати. Во брза иднина ќе се формира нова управувачка структура на ФК Пелистер, која во иднина ќе го води клубот кон поголеми дострели, како на македонската, така и на европската сцена. Наша прва цел ќе биде оваа година да го стабилизираме клубот и да обезбедиме финансиска стабилност на истиот и да обезбедиме сигурен опстанок во Првата македонска фудбалска лига. За првпат во историјата на битолскиот спорт навивачката група „Чкембари“ денес официјално ги добива ветените 10% од акциите. Со ова гласот на „Чкембарите“ ќе се слуша и во управувањето на клубот, .рече Пеце Коруновски, новиот претседател на ФК Пелистер.