2win800x200

Советниците од Левица се бранат кога ќе им кажат дека се во коалиција со ВМРО ДПМНЕ

Декември 02, 2021

Битолските советници од Левица ги поддржуваат одлуките на владечката ВМРО ДПМНЕ, ама упорно негираат  дека се во коалција со власта, туку  велат дека се во коалиција со народот. Така на вчерашната седница Левица гласаше за избор на членовите на УО и НО во јавните претпријатија предложени од ВМРО ДПМНЕ, за како што рекоа да им дадат шанса и да видат како ќе се покажат.

-Една мала реплика дека сме во коалиција со ВМРО ДПМНЕ. Ние на изборите бевме сами, резултатот е таков каков што е. Ние сме  двајца советници и не сме во коалиција со никого освен со народот. Околу УО мислам дека треба да бидеме малку конструктивни, да им дадеме шанса, да видиме како ќе се покажат членовите кои ги избра партијата на власт. Мислам дека поддршка треба да дадеме, да не го кочиме Советот. Па, ако се испостави дека не се добри кадри имаме комисии  ќе ги менуваме. Ќе потенцирам ние не сме во коалиција со никој, само со граѓаните на Битола, рече Гаврил Трајковски, еден од двајцата советници на Левица во Битолскиот совет. 

Нема достапен опис

Опозиционерот Кире Климески од ВМРО НАРОДНА, пак смета дека треба јасно да се каже дали во новите УО и НО има членови од ПИОНАКУ и од Левица. 

-Говорникот рече дека ова се предложени кадри од владечкото мнозинство, без да се нагласи кое е владечко мнозинство тука. Бидејќи сите тука кажуваат дека се со народот и од народот , па ме интресира дали сите предложени членови на УО и НО се предлози на ВМРО ДПМНЕ или се предлози и на другите политички партии, има дел членови од ПОИНАКУ  во УО и НО и дали некои се од Левица?, рече Климески. 

Габриела Илиевска од ПОИНАКУ, претседател на Совет без да го прецизира одговорот рече дека „навистина ми е чест што секој советник од актуелната опозиција се занимава дали ПОИНАКУ негде има некој или нема. Секаде каде што битолчани ќе имаат било каков проблем ПОИНАКУ ќе ги има, рече таа. 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани