2win800x200

Мајка на дете со попреченост со голема донација за децата од заводот „Кочо Рацин“

Декември 24, 2021

Битолчанката Ана Ѓоргиев, мајка на дете со пречки во развојот, воедно стопанственик, денеска  донираше 83 новогодишни пакетчиња за сите штитеници во Заводот за рехабилитација за деца со оштетен слух, говор, глас и други попречености „Кочо Рацин“ -Битола кој од неодамна функционира како основно училиште со ресурсен центар. 

Ѓоргиев донираше и проектори и лаптоп кои им се неопходни во установата во процесот на спроведување на наставата. 

-Како мајка на дете со посебни потреби за децата  кои се штитеници на Заводот за рехабилитација за деца со оштетен слух, говор, глас и други попречености донесов новогодишни пакетчиња во пресрет на Новата година, а на барање на директорката на установата донесов и 5 проектори и еден лаптоп, изјави Ѓоргиев на денешниот настан во Заводот. 

Од Заводот искажаја голема благодарност за гестот на родителот особено што новогодишните пакетчиња ќе ги израдуваат децата, додека проекторите и лаптопот имаат големо значење  за непречено одвивање на наставата во оваа установа. 

Нема достапен опис

Нема достапен опис

Нема достапен опис

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани