2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

МЗ: Детектиран прв случај на сојот омикрон кај нас

Декември 24, 2021

Министерството за здравство информира дека во Република Северна Македонија, денеска е детектиран првиот случај на сојот Омикрон на вирусот SarsCoV2.

Секвенционирањето е направено во приватната болница Жан Митрев во Скопје, кај  маж кој во земјава допатувал од Велика Британија.

Станува збор за реинфекција, односно пациентот во јануари 2021 година ја имал  прележано болеста и тогаш бил асимптоматски. По прележувањето на болеста, пациентот примил две дози од вакцината Фајзер. По втор пат позитивен тест на Ковид 19 има од пред 2 дена, по што е потврдено дека е сојот Омикрон. Во моментот пациентот има лесна клиничка слика и се лекува во изолација во својот дом.

 
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани