АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Пратеничката Бисера Костадиновска Стојчевска, која јавноста ја запамети по што прва гласаше во скафандер како позитивна од ковид во Собранието и Нина Фити актуелниот член на ИО, градоначалникот на Валандово, Перо Костадинов и актуелниот потпретседател и вицепремиер Фатмир Битиќи - неофицијално овој состав според високи партиски извори на СДСМ се очекува Димитар Ковачевски да го презентира в понеделник пред ЦО како негови нови потпретседатели, пренесува 24 вести .
Во однос на секретарите нема изненадувања, Миле Зечевиќ генерален секретар, Бојан Маричиќ секретар за меѓународна соработка, а за нов организациски секретар Зечевиќ мора да пресече меѓу двајца кандидати. ТВ 24 контактираше со дел од имињата кои се изненадување, меѓутоа сите велат дека се ќе се знае в понеделник, но никој не демантира отсечно.
Ковачевски освен најтесното раководство ќе го избере и Извршниот одбор, во кој се очекуваат изненадувања. ТВ 24 вчера објави дека во новиот ИО ќе има место за дел од поранешните високи партсики функционери, но ќе останат и дел од актуелните.
Во ИО според информациите на ТВ 24 Ковачевски планира и тело кое како што брифираат за ТВ 24 ќе ги промовира социјалдемократските политики, во кое би учествувале и универзитетски професори. По изборот за претседател самиот Ковачевски најави дека новото раководство ќе биде обид за обединување на партијата и крилата во СДСМ.
Ковачевски парарлелно ги прави и контурите на Владата. Од ЦО ќе добие поддршка да ја предводи и новата Влада.