2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

Се чистат дивите депонии во Битола

Декември 26, 2021

 

Започна акцијата за чистење на дивите депонии во Битола. Еден од приоритетите на локалната самоуправа во соработка со јавните претпријатија е компленто да се промени лошата слика која во моментот ја има на повеќе места низ општината. После спроведеното мапирање на најкритичните точки каде се создадени најголемите депонии, со денешната акција се чистат три локации: Обиколницата над Битола, на потегот од Лукоил до тунелот, патот кон село Бистрица и просторот кај ОУ Коле Канински.

Градоначалникот, надлежните служби од општинската администрација и директорите на јавните претпријатија ги посетија локациите каде се спроведува денешната акција, со цел понатамошно координирано делување и на другите места каде е неопходно расчистување.

Акцијата продолжува и во следниот период, а граѓаните имаат можност дополнително да пријавуваат диви депонии преку веб платформата „Пријави проблем“ или на електронската адреса Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите..

Со ваквиот пристап, локалната самоуправа во соработка со граѓаните, ќе овозможи навремено расчистување и спречување на појавата на нови депонии кои имаат негативно влијание и врз животната средина.

 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани