2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

Свечена академија по повод 115 годишнината од смртта на Даме Груев

Декември 28, 2021

На 23 декември 2021 година, во Киното Манаки, со свечена академија се одбележа 115 – годишнината од херојската смрт на еден од најголемите великани на македонското револуционерно движење Дамјан Груев. Свечената академија се одржа во организација на Здружението на граѓани за заштита на ликот и делото на Дамјан Груев.

Присутните гости на академијата, меѓу кои беше и градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, најпрво ги поздрави претседателот на Здружението Дамјан Груев, Ристо Грујовски, кој, меѓу другото, истакна:

-Револуционерниот апостол, најголемиот револуционерен син, Дамјан Груев, кој со право го нарекуваат најцврст столб вграден во македонската државност, е повод за вечерашната академија, поточно 115 од загинувањето. На почетокот ќе истакнам дека Здружението без разлика на потешкотиите кои ги имавме, успешно ја реализира својата програма која се темели на нашиот статут, а ја следиме и девизата на нашиот патрон дека трудот, постојаноста, умереноста, а најмногу вербата во идеалот, карпи разрушува. Ова е трета јубилејна свечена академија од нашето постоење, по повод неговата смрт, а оваа година одбележуваме и 150 години од неговото раѓање на 15 јануари 1871 година, рече Грујовски и додаде:

- Дамјан Груев не задолжи да го чуваме аманетот поставен од нашите револуционери, да ги одбележуваме и чуваме големите историски датуми кои не потсетуваат дека нашата држава и слобода се создавала низ борба со големи жртви, а тоа го рекоа и Груев: не е далеку часот кога облеаната во крв Македонија ќе засветли во сонцето на слободатата, па затоа денес со гордост го положуваме цвеќето во негова чест. Големо е делото на Дамјан Груев во македонската историја, а тоа го рече и професорот Ванчо Георгиев, но секако неговото дело се уште бара истражување.

Присутните гости на академијата ги поздрави и градоначалникот на Општина Битола Тони Коњановски, кој истакна:

- Особена чест и задоволство ми претставува што имам можност да присуствувам како градоначалник на Битола на одбележувањето на овој значаен јубилеј. Би сакал, од мое лично име и од името на Општина Битола, да ве поздравам и да ви го честитам јубилејот 115-години од смртта на великанот на македонскиот народ, херој и револуционер Дамјан Груев. Битола како град е нераскинливо поврзана со животот и делото на Дамјан Груев, затоа што тој голем великан твореше во нашиот град, беше учител во нашиот град, тука го основа Месниот комитет на Македонската револуционерна организација, од нашиот град тој раководеше со бројни активности на Македонската револуционерна организација и тука имаше активна и интензивна патриотска, револуционерна и дипломатска дејност. За сето тоа што го направи за нашиот град и за нашата татковина, сме му вечно благодарни – истакна Коњановски.

На академијата свое излагање за историската важност на Дамјан Груев, имаше и младиот историчар од Битола, Васко Гичевски, кој се осврна на историското значење на Даме Груев како револуционер и водач на Илинденското востание, но и за ликот на Дамјан Груев од аспект на учител.

На свечената академија имаше и богата културно-уметничка програма, која ја подготвија Марија Младеновска Димитровска, психолог во СОУ “Таки Даскало“, Николина Поповска, наставник по македонски јазик во СОУ “Таки Даскало“ и Марјан Тасевски, професор по македонски јазик во ОУ “Ѓорѓи Сугарев“, како и музичари од Музичкиот центар Korunovska music and singing. Беа доделени и благодарници на поддржувачите на Здружението Дамјан Груев, како и диплома на Антонио Димитровски за заслуги за промоција на ликот и делото на Даме Груев.

Во рамките на чествувањето на јубилејот беше положено цвеќе пред споменикот кај НУ Завод и музеј, и панихида и полагање цвеќе на Могилата и споменикот на Даме Груев во родното Смилево.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани