ОК на ВМРО ДПМНЕ од Битола се огласи со соопштение до граѓаните околу реакциите на ОО на СДСМ дека ,во Општина Битола постои Комисија за проценка на штети од елементарни непогоди , а ВМРО ДПМНЕ ги разреши и именува нови.
-Најважно е што ние пристапивме и кон земјотресот што не вознемири сите нас, многу сериозно и остануваме на дадениот збор дека вие и проблемите со кои заедно се соочуваме како град и како општина ќе бидат врвен приоритет на нашето дејствување.
Формирана е стручна и компетентна комисија, која ќе ги утврди штетите предизвикани од земјотресот, а градоначалникот од синоќа веднаш во првиот момент беше на терен меѓу вас заедно со дел од кризниот штаб. За денес да продолжи со свикување на Кризниот штаб. Мнозинството во Советот на општина Битола и натаму ќе продолжи одговорно и во интерес на граѓаните да донесува одлуки и да спроведува иницијативи.
Беспредметните прес -конференции и празни соопштенија не се ништо друго и ништо ново од СДСМ, туку само обид за лошо и нехумано политизирање во едни вакви навистина не многу пријатни и вознемирувачки околности, стои во соопштението од прес центар на ОК ВМРО ДПМНЕ-Битола.