АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Силно невреме со врнежи од град со големина на орев ја зафати Преспа попладнево. Се очекуваат големи штети кај јаболкниците.
„Невремето ги зафати селата што гравитираат околу Ресен, и тоа на кај Евла, Болно, Дупени, поранешниот блок на Агроплод каде што сега се наоѓаат приватни парцели и други места. Силно врнеше град, на почетокот суво без дожд. Ги исчука јаболката по повеќе пати, некаде удирани се и по десетина пати, а мали се колку лешник. Се очекуваат големи штети“, се пожалија жители од Ресен.
И минатата година во овој период Ресенскиот регион беше погоден од град кој предизвика големи оштетувања кај овошките.