
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Пишува Ване Трајков
Објавената информација со наслов ,, Дали ДИЗ функционира како партиска испостава на СДСМ: По директни усни наредби на активисти на СДСМ се казнуваат откупувачи !’’ обвинува за функционирањето на Државниот инспекторат за земјоделие и погрешно ја толкува интерната коресподенција во ова институција насочена кон планот и програмата за работа со тековна динамика.
Пишува: Шефкије Аласани
Рецензираниот напис е објавен на порталот Актуале, на 7 јули, со наслов: Дали и Села ќе вика: Амелика, Амелика, Амелика. Во Вистиномер многу пати е нагласено дека треба да се известува на правилен и професионален начин, посебно за време на една предизборна кампања, но сепак овој основен принцип на новинарството продолжува да не се почитува.
Пишува Билјана Димко
Написот „Дали во Битола се тргува со работни места за гласови?“се темели на текст односно список од непознат автор. Главната проблематичност на овој документ е во тоа што не е веродостоен. Овој текст ја има за извор цитирано објавата на Твитер од Битолски сеир, каде е објавена фотографија којашто содржи текст каде пишува дека актуелната министерка за одбрана и носителка на листа во ИЕ5 , Радмила Шекеринска на 5 јули треба да оствари средба заедно со Соња Карапец, Синиша Матевски и Ице Дамјановски со наводно гласачи на СДСМ кои не се вработени и бараат СДСМ да ги вработи.
Пишува: Соња Рилковска
Рецензираме вест објавена на порталот Охрид24 , на 5 јули , под наслов „ (ФОТО) Докторите и специјализантите од охридските здравствени установи изманипулирани и искористени за пиар на Венко Филипче и власта на СДСМ?“.
Пишува Ване Трајков
Во написот ,, Љупчо Николовски: После 15 ти кога ќе изгубиме ќе станам тезгар како мојот шеф Зоран Заев’’ се врши обид за дискредитација на личност која е дирекнто вклучена во парламентарните избори. Без ниту еден извор, изјава или став, авторот на текстот користи само фотографии и констатации а со дадениот наслов се добива впечаток дека станува збор за лично дадена изјава од екс министерот Николовски и кандидат за пратеник.
Пишува: Весна Коловска
Серија различни текстови во прилог на иста видео снимка се појавија на повеќе дигитални медиуми, на кои заеднички именител им е констатирање и коментирање, со инсинуирање на вмешаноста на Радмина Шекеринска, актуелната министерка за одбрана и носистел на листата во Изборната единица број пет, од коалицијата „Можеме“.
Пишува Ване Трајков
Рецензираме текст со наслов ,,Фетаи и Бубевски позитивни на корона?’’ во кој што е пласирана непроверена информација која само инсиунира, без да има во неа официјални изјави од споменатите личности ниту пак од било каква официјална институција која е одговорна за следење на ширењето на ковид-19 или од Јавното обвинителство каде работат споменатите. Првата и основна цел на новинарството е проверената информација.
Пишува: Шефкије Аласани
Во веста со тенденциозен наслов: „Села го легализира казиното на Мијалков во Мериот“ која ја рецензираме се тврди дека лидерот на Алијансата за албанците, Зијадин Села, го легализирал казиното на Сашо Мијалков.
Пишува: Билјана Т. Димко
На веб страницата на телевизија „Алфа“ на 05.07.2020 е објавен новинарски текст со наслов „Филипче си тера предизборни партиски активности, заборави на тематските прес-конференции за корона“.
Пишува: Убавка Јаневска
Го рецензираме текстот објавен на Курир, на 4 јули, годинава со наслов „ФОТО: СДСМ троши 27.000 евра дневно за реклами на Фејсбук“ во кој се тврди дека партијата на власт троши огромни суми на пари за спонзорирани објави на оваа социјална мрежа. Според насловот на веста на Курир, СДСМ трошел дневно по 27 илјади евра додека според објавена пресметка во текстот за секој од политичарите поединечно објавува сума од 27.660 евра.
Пишува: Соња Рилковска
Рецензираме вест објавена на порталот Охрид24 на 04.07.2020 под наслов „Лазе Таневски сменет од шеф на изборниот штаб на СДСМ?“.
Пишува Жаклина Цветковска
Рецензираме текст со наслов „ После денешната аудио бомба дали станува јасно кој стои зад сериското палење возила низ Македонија?“, кој што е поврзан со објавувањето на аудио материјал, најверојатно снимен нелегално, во која се слуша разговор помеѓу две лица за кои се тврди дека се блиски до семејството Заеви.
Пишува: Шефкије Аласани
Пример кој не ги почитува новинарските стандарди е рецензираниот напис со наслов: Партијата која „БЕСА“ – та на Албанците им ја даде на „каурите“ го поддржува ставот на Заев за обединувањето со ВМРО против „премиерот Албанец, објавен на информативниот портал Актуале.мк на 1 јули.
Пишува: Шефкије Аласани
На 30 јуни на многу информативни портали на албански јазик се сподели еден напис со наслов „Заев и Мицскоски обединети: Нема премиер Албанец” (ВИДЕО)”