
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Пишува: Весна Коловска
Серија различни текстови во прилог на иста видео снимка се појавија на повеќе дигитални медиуми, на кои заеднички именител им е констатирање и коментирање, со инсинуирање на вмешаноста на Радмина Шекеринска, актуелната министерка за одбрана и носистел на листата во Изборната единица број пет, од коалицијата „Можеме“.
Го реценцираме текстот на vecer.mk, насловен :„Боки по дома со другарките Катица и Радмила (фото+видео)“, во кој сајтот информира дека на социјалните мрежи се појави фотографија и видео на неправосилно осудениот во случајот „Рекет“, Бојан Јовановски – Боки 13, во друштво на, како што пишува во текстот, „Катица Јанева и Радмила Шекеринска“.
Меѓутоа, најсуштинската повреда на новинарските стандарди е што е пропуштено основното новинарско правило, односно да се праша втората страна, во случајот Радмила Шекеринска. Особено што е предизборие, а медиумите не смеат да се најдат на една или друга страна, туку напротив, секое сомневање, секоја информација теба целосно да се провери, а фактите да се истражат.
Видеото поставено од каналот „Боки 13 и другарките“ веќе има 25.000 прегледи. За разлика од текстот, видеото не го содржи името на Шекеринска, туку на телопот има испишано:
„На гости кај Боки 13 Катица Јанева и ?“ за третото лице во друштвото, на кое во видеото не му се гледа ликот, туку е прикажано од зад грб.
Авторот на текстот на vecer.mk нема дилема кој е третиот во просторијата и продолжува коментаторски за „врската“ меѓу тројцата и пишува:
Во коментирањето и препоставките текстот оди понатаму, укажувајќи на „бизнис интересите на Шекеринска“.
Изворот на информации на авторот му е Youtube, оставајќи го во убедување читателот дека авторот е во апсолутно во право и треба целосно да му верува. Притоа, авторот не консултирал експерт, кој на база на лошата снимка можеби би помогнал да ги потврди сличностите во снимката со личноста на која со сигурност се тврди дека е Радмила Шекеринска.
Во пишувањето на овој краток текст, авторот прекршил неколку принципи од Кодексот на новинари: Почитувајќи ги етичките вредности и професионалните стандарди во пренесувањето на информациите, новинарите ќе бидат чесни, објективни и точни.
Во членот 1 од Кодексот, пишува:
На прашање на Вистиномер за тврдењето за присутвото на Шекеринска во краткото видео, одговорија од Изборниот штаб на колацијата „Можеме“:
Фактите во овој случај се важни и поради тоа што се работи за дел од предизборното милје на објавување на аудио и видео материјали, кои се снимени тајно, без знаење на актерите, а кои се пласираат со цел да наштетат во кампањата на кандидатите.
„Прирачникот за етичко известување од избори во Северна Македонија“ на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) потсетува на важната улога на медиумите и на новинарите кои во својата работа треба да бидат етички и професионални и да му служат на јавниот интерес.
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар