2win800x200

Кој купи акции за 1 милион евра од Стопанска банка Битола

Април 16, 2025

Интересна блок трансакција се случила вчера на Македонската берза за долгорочни хартии од вредност. 

Имено, продадена е значајна количина акции на Стопанска банка Битола за сума од 1,07 милиони евра. 

Продадени се 19.500 акции, по цена од 3.377 денари за акција, или вкупната сума на зделката е 1,07 милиони евра. 

Вчера, пак, истиот ден кога се случила блок трансакцијата, цената по која се тргувало со акциите на Стопанска банка Битола на редовниот пазар изнесувала 3.350 денари за акција, што значи дека оној што купил толку голема количина акции при блок трансакцијата, всушност бил решен да го купи пакетот, и давајќи поголема цена за акциите од онаа по која се тргувало на редовниот пазар.

Инаку, треба да се има предвид дека овие 19.500 акции кои беа продадени не се воопшто малку, односно претставуваат 4,99 отсто од вкупниот акционерски капитал на таа банка. 

Ова е сосема малку понизок процент од оној со кој акционерот излегува во состојбата на Централниот депозитар за хартии од вредност, што значи дека ако купувачот е некој што досега немал акции, тој ќе успее да се скрие од јавноста, бидејќи нема да излезе неговото име. 

Но, ако купувачот досега имал акции, тоа во понеделник идната недела ќе се види во акционерската листа објавена на ЦДХВ. 

Во овој момент, согласно со вчерашната состојба, но пред да се случи блок трансакцијата, во Стопанска банка Битола како и досега, единствен акционер со над 5 отсто е „Пелистерка“, која поседува 16,99 отсто од акциите. Но, не е тајна дека „Пелистерка“, заедно со неа поврзаната компанија „Тимох“, поседуваат заедно 21,85 отсто од акциите на Стопанска банка Битола. Целиот текст на faktor.mk

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани