На 88 годишна возраст почина еден од основачите на Рефромските сили на Македонија, Либерална партија односно денешната Либерално-демократската партија, еден од најистакнатите битолчани, општественик и банкар, Јаким Ивановски.
Тој беше пратеник во Собранието, 1990-1998 година, во првиот и вториот собраниски состав, кога се удираат темелите на независна Македонија, како член на Либералната, а подоцна и на Либерално-демократската партија.
Во текот на својот работен век беше директор на Индустријата за кожи „Борис Кидрич“ – Битола, претседател на Извршниот совет на општина Битола (1974-1979), функционер во органите на Стопанската комора на СФРЈ и СРМ.
Беше именуван за генерален директор на Стопанска банка а.д. Битола, функција која ја обавуваше до пензионирањето во 2008 година.Во негопво време банката од страна на реномирани меѓународни списанија три години по ред 2003, 2004 и 2005 година беше прогласувана за најдобра банка во Македонија, а директорот три пати едноподруго беше носител на престижната титула – банкар на годината.