2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

 

Драго ми е и чест да кажам дека во Битола е најголемото македонско социјалдемокрстко семејство. Очекувам над 6000 членови на партијата кои ќе бидат ажурирани, кои го потврдуваат своето членство и застануваат зад политиките и програмата на модерен и развиен СДСМ, рече генералниот секретар на партијата при денешната посета на Битола. 

„Заокружуваме битен процес, реевиденција на целокупното членство. Продолжуваме во следниот период да се менуваме, ја праќаме пораката дека СДСМ и победува и се менува. На 10 март ќе го одржиме нашиот следен состанок на Централниот одбор по што ќе започне постапката за евидентирање на предлози и кандидати за членови во највисоките органи на партијата. 21 март ќе ги имаме првите непосредни внатрепартиски избори тоа е врв на демократијата во една политичка партија. Изборот за претседател да биде од страна на секој член кој има право да гласа. Во Битола ќе имаме повеќе избирачки места и над 5000 членови на партијата кои се веќе регистрирани да гласаат. До денес 5222 членови на СДСМ од Битола пријавиле учество на непосредните избори на 21 март. Потоа ќе следи постапка за кандидирање на најквалитетните кадри за членови на Централниот, Извршниот и Надзорниот одбор на партијата. Секако започнуваат и нашите подготовки за локалните избори. СДСМ ваков отворен, модерен, дигитализиран, близок до граѓаните е фаборит и на централно ниво и за победа во Општина Битола која е значајна општина и нависатина овде во Битола во октомври ќе имаме победа и нов мандат и продолжување на одговорноста да се грижиме за граѓаните“, рече Николовски.    сдсм 2

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани