2win800x200

Битолската полиција преку соопштение до медиумите им се заблагодари на граѓаните за разбирањето за денешниот посебен режим на сообраќај при посетата на албанскиот Претседател на Битола.

Чест ми е како претседател на Република Албанија да го посетам градот Битола, Манастир на албански јазик. Го изразувам моето задоволство што се наоѓам на ова свето место за Албанците, каде што нашите најумни и најхрабри патриоти пред 109 години  го направија унифицирањето на албанската азбука. Битолскиот Конгрес е исклучително важен настан, бидејќи ја забрза процедурата за следниот голем настан, независноста на Албанија.

Сакам да искажам благодарност  до властите на Р. Македонија и на локално и на централно ниво, за грижата што ја покажуваат за овој објект и за сите нивни планови за реставрација, надградба и збогатување  на објектот. Ние ќе бидеме во комуникација за да го дадеме нашиот придонес.

Јас се надевам дека сме во нова ера на одлични меѓуетнички односи внатре во Македонија,

Со средстава од ИПА фондовите за прекугранична соработка ќе се реконструра Музејот на албанската азбука во Битола. Според Бурим Керими, советник од ДУИ во Советот на Општина Битола,објектот ќе се реконструра во надворешниот дел,  фасадата, но и внатрешноста на објектот. Средствата за оваа намена се движат околу 300 000 евра.

Неколку недели се работи на санација на свлечиштето на обиколницата над Битола и во зависност од временските услови таа треба да биде отворена за сообраќај до крајот на месецот.

Нема затворени угостителски објекти при синоќешните контроли на МВР, УЈП и Државниот пазарен инспекторат низ угостителските локали во Битола, соопштија од Министерството за внатрешни работи.  Била спроведена контрола во повеќе локални, но не биле констатирани посериозни прекршоци. При спроведувањето на акциската контрола не е констатирано нарушување на јавниот ред и мир.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани