АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Денес во Битола се одржува Државното првенство во футсал во спортската сала на ОСМУ „Д-р Јован Калаузи“ . Домаќин е основното училиште „Коле Канински“ од Битола, а учествуваат најдобрите четири машки екипи во мал фудбал од Битола, Прилеп, Скопје и Радовиш.
Градоначалничката Наташа Петровска на учесниците им посака добра игра и успеси.
-Особена чест и задоволство ми е што токму во Битола, во нашата општина, се одржува Државното првенство за основни училишта во футсал на најдобрите машки екипи. Сметам дека токму во училишниот спорт е расадникот на спортот во Република Македонија и општините особено треба да посветат внимание на училишниот спорт и најголемите инвестиции треба да се движат во таа насока, затоа што оттаму излегуваат нашите идни генерации, коишто на спортските терени во Република Македонија треба да носат аплаузи и резултати за нашата држава, рече Петровска.
Екипите ќе играат четири натпревари, а после финалниот натпревар ќе биде прогласен и победникот. За првите три места, освоени на државниот натпревар ќе бидат доделени пехари, а најдобриот играч на државното првенство ќе добие диплома.