2win800x200

Во Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион во Битола, заменик- министерот за локална самоуправа Дејан Павлески одржа работен состанок со директорот на Пелагонискиот плански регион Гого Видимче. На состанокот беа дискутирани тековните проекти кои се во имплементација, а се финансирани во рамките на Програмата рамномерен регионален развој за 2018 година на Министерството за локална самоуправа на РМ преку Бирото за регионален развој на РМ како и наредните активности кои Центарот за развој на Пелагониски плански регион ќе ги реализира со поддршка на Министерството за локална самоуправа. На средбата акцент беше ставен и на приоретизирање на активности и проекти од регионален карактер кои ги следат европските услови и критериуми, преку чија имплементација ќе се придонесе кон поконкурентен и економски развиен Пелагониски регион. Заменик министерот Павлески по средбите со градоначалничката на Битола, Наташа Петровска и со раководителот на Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион Видимче, како и експертите проф. д-р Борче Треновски и проф. д-р Јан Херчински истакна дека разговарале за можностите за надминување на наталожените проблеми во пренесените надлежности на општините, како и за спроведување на планираните регионални проекти поддржани од Министерството за локална самоуправа.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани