2win800x200

Кола се испреврти во сообраќајка во Нова Битола

Мај 05, 2025

Вечерва се случила собраќајка во Нова Битола, на улицата пред малата пошта при што од силината на ударот помеѓу две возила едно се превртило,  а другото е оштетено во предниот дел. Сообраќајната полиција го регулира сообраќајот на крстосницата од улиците "Васко Карангелевски" и Народни херои" додека се врши увидот на лице место. Засега нема информација за повредени лица. ОБНОВЕНО - Официјално според СВР Битола сообраќајката се случила пред 21 часот, помеѓу "мазда" и сузуки" со битолски регистраски таблички. Во првото возило возач е женско лице родено 1998, додека возачот на превртеното возило е машко лице родено 2003 година. Засега нема потврда за тежината на повредите.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани