2win800x200

Глумицата Соња Михјалова ја доби наградата за животно дело на МТФ "Војдан Чернодрински" во Прилеп

Мај 05, 2025

По предлог на НУ Народен Театар Битола актерката Соња Михајлова, доајенка на македонската театарска сцена и долгогодишен член на Народниот театар во Битола, е добитничка на наградата за животно дело доделена од Собранието  на Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ во Прилеп, соопшти Битолскиот театар. 

Ова признание претставува круна на нејзината плодна и инспиративна кариера, која трае повеќе од четири децении
 
Родена на 14 октомври 1958 година во Битола, Соња Михајлова дипломирала на Факултетот за драмски уметности во Скопје во 1983 година, во класата на проф. Љубиша Георгиевски. Истата година се вработила во Народниот театар – Битола, каде останала до нејзиното пензионирање во 2022 година. Иако во пензија, Михајлова изјави дека останува посветена на театарот, велејќи: „Глумата и театарот се засекогаш со мене и во мене“ .
 
Соња Михајлова е добитничка на бројни награди и признанија, меѓу кои:
-Награда за млад актер на Фестивалот „Војдан Чернодрински“, Прилеп.
-Награда „Ристо Шишков“ за улогата на Петра фон Кант.
-Награда за најдобро актерско остварување за улогите на Сандра Заум во претставата „Магна карта“ и Цвета во „Балканот не е мртов“.
-Награда за најдобра женска епизодна улога за ликот Мирса во претставата „Бегалка“
-Награда „Златна маска“ за најдобра женска улога во претставата „Свирач на покривот“
-Награда за најдобра женска улога за ликот на Каесар во претставата „Јулиј Цезар“ на Фестивалот на античка драма „Стоби“
 -И оваа година -награда за животно дело на Фестивалот „Војдан Чернодрински“.
 
Михајлова има богата кариера со улоги во театарски, филмски и телевизиски проекти. Некои од нејзините познати улоги вклучуваат:
„Табакерата“ (1972)
„Јужна патека“ (1982)
„Бушава азбука“ (1985)
„Трговецот од Солун“ (1985)
„Девојките на Марко“ (1987)
„Ѕвездите на 42-та“ (1987)
„Еурека“ (1989)
„Прекалени“ (1994)
„Северо источно од југозапад“ (2000)
„Што сонува кучето“ (2000)
„Сенки“ (2007)
„Збогум Румелија“ (2008)
„Македонски народни приказни“ (2010)
„Тврдокорни“ (2013)
„До балчак“ (2014)
„Лимоната“ (2015)
„Големото прогонство во Кавкасија“ (2015-2016)
„Обожение“ (2016)
„Кајмак“ (2022)
„Црвениот поет“ (2024) .
 
Со околу 150 одиграни ролји, Соња Михајлова не мирува. Иако пензионер таа настапува во НУ Народен театар Битола со концептуалната монодрама ,,Куфер.МК,, во која ја сумира нејзината животна и творечка приказна . 
 
Со својата оригиналност, неуморност и посветеност, Соња Михајлова остави длабок печат во македонската театарска уметност и останува инспирација за идните генерации актери.
Горди сме на тебе Соња. 
Ти благодариме .
Поклон до земја.
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани