2win800x200

Учениците од горната Гимназија државни прваци во ракoмет денес на средба со Коњановски

Мај 05, 2025

ПРИЕМ НА ДРЖАВНИТЕ ПРВАЦИ ВО РАКОМЕТ ОД ГИМНАЗИЈАТА „ЈОСИП БРОЗ ТИТО“

 
Битола не случајно е расадник на талентирани спортисти, особено во ракометот и кошарката, беше потенцирано на денешната средба на градоначалникот на општина Битола Тони Коњановски, со државните прваци од гимназијата „Јосип Броз Тито“ во ракомет во машка и женска конкуренција, на ниво на средни училишта во земјава. На средбата, покрај учениците спортисти, присуствуваа и директорката на гимназијата Лидија Споа, како и професорите по физичко образование Антонио Трпковски и Михајло Силјанов, заслужни за успешните резултати на нивните ученици.
 
Градоначалникот Коњановски им честиташе на младите спортисти, за одличниот пласман и освоените први места на машката и женската екипа на гимназијата во ракомет, во конкуренција на над 90 екипи од средните училишта во државата, на кошаркарите, кои во конкуренција од 94 екипи, го освоија третото место, како и на одбојкарките, кои исто така освоија бронза. 
 
„Освоените пехари, се само доказ дека имаме иднина во спортот и таа иднина треба постојано да ја надградуваме. Како локална самоуправа, континуирано вложуваме во училишниот спорт, што се потврдува и со реконструкцијата на спортските сали. Аплициравме за изградба на нови три спортски сали, како и за 10 спортски терени во училиштата. Успехот на нашите ученици е само мотив повеќе, да се грижиме за младите и за нивниот квалитетен физички развој и идни  домашни и меѓународни спортски успеси“, рече Коњановски. 
 
Гимназијата „Јосип Броз Тито“, во континуитет покажува одлични спортски резултати. Годинава, истакна директорката Лидија Споа, гимназијата беше домаќин и одличен организатор на државното првенство во кошарка за средни училишта, кое федерацијата на училишен спорт на Македонија за учебната 2024/2025 година, организацијата ја додели на Општинскиот сојуз на училишен спорт на Битола. Целокупната агенда на државниот настан, планот и програмата на државното првенство ја презеде СОУ Гимназија „Јосип Броз Тито“  и Стручниот актив по спорт и спортски активности.
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани